Mијалков се жали на замрзнувањето на имотот

Oдбраната на поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков се жали на одлуката на Основното јавно обвинителство да ги замрзне уделите на фирмите поврзани со неговиот имот, вклучувајќи ги и тие во хотелот „Мериот“, како и неговата приватна куќа на Водно.

За жалбата на Мијалков се најавува одлука во вторник.

Од Јавното обвинителство нема информација кога истрагата за „Империја“, која ја отвори поранешното СЈО, ќе заврши со обвинение.

Осомничени за перење пари се Сашо Мијалков и Орце Камчев.

Back to top button
Close