Мијалков сепак излегува од притвор

Сашо Мијалков сепак излегува од притвор. Уважена е неговата жалба од Апелација, откако Кривичниот суд му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“, пренесе а1он.мк

Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или пак некои од членовите барале место нив да одлучи нивната замена. Сега, затворот „Скопје“ во Шутка треба да ја добие одлуката, по што, веќе вечерва Мијалков треба да биде дома. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.
Инаку, Вишото јавно обвинителство доставило предлог да се одбие жалбата на Мијалков за определениот притвор за „Плацови на Водно“.

повеќе

 

Back to top button
Close