Мијалков станал нов жител на Гевгелија

По примерот на бизнис пријателот Орце Камчев кој стана жител на Струга и од неодамна казната од една година затвор ја издржува во овој затвор од отворен тип, односно само преспива таму, сега и екс шефот на УБК ја променил адресата на живеење и веќе е жител на Гевгелија.

Ова го направил и тој како Камчев, за затворот место во Скопје да го служи во Гевгелија.

Упатниот акт за издржувањето на казната затвор екс шефот на УБК кој по спогодбата со обвинителството доби 3 години завор во процесот Империја ќе го добие во гевгелискиот затвор и најверојатно и тој ќе оди таму само за да преспива.

Back to top button
Close