Мијалков за „бомбите“: Немам договор со Заев, првпат слушам за такво нешто

Ниту сум се договарал, ниту имам договор со Зоран Заев, првпат слушам за такво нешто, реагира поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Неговата реакција ја објави порталот „Плусинфо“, а се однесува на еден од разговорите кои беа објавени денеска на Јутјуб со наслов „Зоран Заев се договорал со Сашо Мијалков.

Неговата се однесува на еден од разговорите кои беа објавени денеска на Јутјуб со наслов „Зоран Заев се договорал со Сашо Мијалков. Според насловот што го напишал поставувачот на јутјуб-каналот, алудира на наводен договор на Заев со Мијаков. Во разговорот навистина се споменува името Сашо, но не и презимето.

Мијалков реагира дека порталот „Инфомакс“, кој прв ги пренесе разговорите од Јутјуб, извлекува заклучок и го инволвира него, а тој не знае ниту за кој Сашо се мисли.

-Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести. Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО-ДПМНЕ. Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене. Погрешна стратегија, која нема да донесе подобар резултат, а треба да се надминат 454.577 гласови освоени во 2016 со ваква власт – вели Мијалков.

Back to top button
Close