Ми падна камен од срце што вети дека нема ништо да ми се случи мене и на семејството. Судот го осуди условно Арсовска му прости за нападот во Чаир

Условна казна од две години ако не стори кривично дело во наредните пет години доби Реџеп Нуредини кој заедно со Сулејман Љамалари во јули ја нападнаа и навредуваа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Нуредини денеска призна вина пред судот и изрази искрено каење, па се уште актуелната градоначалничка не се приклучи кон кривичниот прогон.

Градоначалничката излезе пред судот со плачење и рече дека и паднал камен од срце што признал вина и ѝ ветил дека ништо нема да ѝ се случи ни неа ни на нејзиното семејство.-Тој изрази искрено каење за стореното кривично дело, но и самата градоначалничка покажа доблест да и прости, дури не се приклучи кон кривичниот прогон и имотното – правно побарување. Имаше таква доблест што помогна во изрекувањето на алтернативната казна бидејќи во случајов постојат особено олеснителни околности не само каењето на обвинетиот туку ветувањето дека нема да има такви испади, но и неговиот придонес за ефикасното завршување на кривичната постапка и пресудата – рече адвокатот на Нуредини, Насер Рауфи.

Данела Арсовска

Нуредини е обвинет дека во јули во Чаир грубо ја навредил ија загрозил нејзината сигурност и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв ја навредувал, и се заканувал и тргнал да ја удри, но полицајците што биле таму го спречиле. Во описот на кривичното дело стои дека ја нарекувал наркоманка и се заканувал кон нејзе и целото нејзино семејство.

 

 

Back to top button
Close