Мицевски: Пратениците од СДСМ го оправдаа однесувањето на Џафери

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека од денеска собранискиот Етичкиот кодекс не постои и оти со гласањето „против“ дневниот ред на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања пратениците од СДСМ го оправдале однесувањето на претседателот на Собранието, Талат Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност.

-Ова што денеска го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или која било припадност. Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ, рече Мицевски.

Според него, тие секогаш бегаат од одговорност, но одговорност ќе има и тоа пред граѓаните

Back to top button
Close