Мицевски: Се уште немаме добиено дополнителен материјал, го немаме на увид ни протоколот со Бугарија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека се уште го немаат добиено дополнителниот материјал за седницата која се уште не се знае кога ќе се одржи, а на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка.

– Вчера присуствувавме на координацијата на којашто отидовме со една и единствена цел а тоа е да ги побараме материјалите потребни за деловничко и собраниско обезбедување на материјали за пратеници за одржување на евентуална седеница. Тие материјали се уште ги немаме добиено од страна на Собранието на начин и постапка на која треба да се добијат, нагласи Мицевски.

Тој посочи дека иако како што кажува Владата дека материјалите се јавно достапни во Собранието има постапки и начин на доставување на потребни материјали до пратениците.

– За жал освен таа информација на една страна што ја добивме немаме дополнително никакви материјали, рече Мицевски.

Одговарајќи на прашање рече дека нивните интервенции се во преговарачката рамка и забелешките кои ги имаат по одредени членови, додека, според него, СДСМ „очигледно само купува време и бара форма да достави некакви заклучоци кои не се облигаторни за Владата за да разговараме за истите“.

– Очигледно е дека Владата како што ги водеше преговорите во тајност така сака да ја води целава оваа постапка со единствена разлика што немаше храброст да ја донесе оваа одлука во Влада туку ја префрла во Собрание, кое напсолутно нема никаква обврска да одлучува за меѓувладината конференција посебно имајќи предвид дека ги немаме сите материјали на располагање. А протоколот меѓу Македонија и Бугарија кој е основен документ врз основа на кој ќе треба да се случуваат понатамошните активности ние го немаме на увид, потенцира Мицевски.

Back to top button
Close