Мицкоски: А зoшто да имам средба со Рот, тој не ме побара

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека престанал да ги слуша пораките од власта. Според него, кохезијата во владеачката СДСМ е поделена на неколку структури и дека партијата наводно е демотивирана. Според Мицкоски премиерот Димитар Ковачевски нема кредибилитет во своите изјави.

Тој на прашање на новинарите објасни зошто немал средба со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа, Михаел Рот

-А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека Рот беше тука поканет од невладина организација која одржуваше некаква конференција. Секој гостин кој што е добронамерен и кој што побарал средба со мене, ја добил или сме ја презакажале. Овој господин не побарал средба и очигледно не чувствувал потреба да се види. Никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите кои доаѓаат во Македонија, изјави Мицковски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close