Мицкоски: Ахмети ме информираше дека ќе преговара за влада со СДСМ

Со Али Ахмети имавме едночасовна средба минатата недела во Собранието. На таа средба господинот Ахмети ме информираше дека ќе отпочне преговори за формирање Влада со СДСМ, со изговор дека тоа е партијата што победила во македонскиот блок, нагласи на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу средбата со лидерот на ДУИ, Мицкоски рече дека не се согласил со ставот на Ахмети оти СДСМ победила во македонскиот блок, истакнувајќи дека партијата што убедливо победила кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ

Тој потенцира дека принципите за коалицирање на ВМРО ДПМНЕ се јасни. – ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања. ВМРО-ДПМНЕ коалиција ќе направи врз основа на програма, нагласи лидерот на оваа партија.

Во однос на можноста за нови парламентарни избори наесен, Мицкоски цени дека се уште постојат можности за формирање влада, но доколку тие се исцрпат тогаш, како што вели, може да се разговара за нови избори.

Back to top button
Close