Мицкоски: Ако има договор со Бугарија кој е штетен, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува
ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува договорот со Бугарија, ако тој е штетен, асиметричен и анационален, и ако задира во идентитетот на државата, вели опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Во интервју за Канал 77, тој уште еднаш потенцира дека догоговорот со Бугарија не треба да биде вклучен во преговарачката рамка.
„Прво е билатерален Договор и никогаш нема да се помирам со фактот тој договор да влезе во преговарачката рамка затоа што тоа е дополнителна алатка на Бугарија да не ветуеизира кога сака и како сака – изјави Мицкоски.
Мицкоски порача дела се плаши од дипломатската капитулација која може да и се случи на Македонија, која според него земјата ќе ја втурне во дополнителни проблеми и го повтори и ставот дека за ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи трите барања на бугарскит премиер Петков.
„Трите услови кои што ги поставува бугарската страна како, почитување на бугарската Декларација, внесување на Бугарите во македонскиот Устав и Договорот за добрососедство да влезат во преговарачката рамка, тоа ќе значи дека при евентуално отпочнување на преговорите во секое поглавје да можат да не блокираат – додаде Мицкоски.