Мицкоски: Ако „УСЈЕ“ е проблем за граѓаните, дислокацијата не е проблем за Владата
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе постапи во рамки на своите ингеренции по заклучоците донесени од Советот на Град Скопје за цементарницата „УСЈЕ“, нагласувајќи дека и вонредните инспекциски контроли и евентуалната дислокација не претставуваат проблем доколку тоа е во интерес на граѓаните.

„Се бараат вонредни инспекциски проверки и тие веќе се спроведуваат. Што се однесува до дислокацијата, ниту тоа не е никаков проблем за Владата. Сѐ што е проблем за граѓаните е проблем и за нас. Јас ги разбирам граѓаните, тие секогаш се во право – сите тука живееме и го дишеме овој воздух“, изјави Мицкоски.






