Мицкоски: Архиепископот Стефан и Синодот ја имаат мојата поддршка, мораме да се обединиме и да не дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат


Лидерот на опозицијата потоа ја поздрави одлуката на вселенскиот патријарх и истакна дека наскоро очекува МПЦ да добие автокефалност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната посета во скопската општина Аеродром одговараi о на новинарско прашање за односите помеѓу МПЦ и СПЦ, кои после половина одржуваат заедничка литургија, рече дека лично, Архиепископот Стефан ја има неговата недвосмислена поддршка за секој чекор кој што го презема, исто како и останатите владици во Синодот.

„Ја користам оваа прилика да упатам порака до сите православни верници да се обединиме околу МПЦ-ОА. Јас сум свесен, како многу пати во минатото и вековите наназад, дека ќе имаме луѓе кои ќе сакаат да направат поделба, кои ќе шират скептицизам, недоверба, свесен сум дека тие луѓе се под жестоко влијание на оние сили на кои што не им одговара македонско единство, кои не им одговара обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овојпат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат“,изјави Мицкоски.
Лидерот на опозицијата потоа ја поздрави одлуката на Вселенскиот Патријарх и истакна дека наскоро очекува МПЦ да добие автокефалност.

„Сигурно и Архиепископот Стефан и владиците во Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ и православните верници и затоа повикувам на единство. Ја користам оваа прилика и да ја поздравам и одлуката на Вселенскиот Патријарх, кога практично се тргна и шизмата, кога МПЦ-ОА влезе во канонско единство со што јасно се покажува нашата разлика од останатите Балкански православни народи и јасно се става до знаење дека тоа е она кое што е вистинската патека и очекувам набргу, во периодот што следи и формално да се добие томосот и конечно да се добие автокефалност“,рече Мицкоски.

Back to top button
Close