Мицкоски- Јас би ги пуштил моите деца во студентски дом. Изјавата на Пендаровски е глупава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување во Радио Лидер зборувајќи за ситуацијата со студентите и односот на власта кон нив, ја коментираше и вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски кој рече дека „неговите деца не би ги пуштил во студентски дом“.

Јас колку што се сеќавам дури и тој беше универзитетски професор едно време. Чинам дека до вонреден професор дојде ако не се лажам. Замислете сега, ако педагог дава таков глупав пример, тогаш можете да замислете до каде е глупавоста и неспособноста која шокира. И да не нѐ чуди после граѓание кога ќе видат политичари им се згрозува затоа што имаат изгубено секаква верба во било кој политичар тука. Тука зборувам и за политичарите од опозицијата вклучувајќи ме и мене затоа што луѓето кога перцепираат генерално перцепираат и многу малку може да направат разлика дали си ти на власт, имаш инструменти и институции за да ги менуваш работите или си опозиција, затоа што едноставно нивните очекувања се големи. А кога гледаат вакви политичари чија што глупавост шокира, тогаш ситуацијата останува таква каква што е, односно за сите политичари граѓаните имаат ниско мислење. Затоа е важно да има час поскоро парламентарни избори и да покажеме дека може поинаку – истакна Мицкоски

Back to top button
Close