Мицкоски: Јавноста ќе види утре дали ќе ја поддржиме интерпелацијата за Коцевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не откри дали неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица.

„Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ“, изјави Мицкоски, избегнувајќи да даде конкретен одговор.

Собранието утре треба да расправа за интерпелацијата поднесена од Левица, која го обвинува Коцевски за, како што наведуваат, нефункционален и селективен обвинителски систем. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е од клучно значење, со оглед на нивната мнозинска позиција во законодавниот дом

Back to top button
Close