Мицкоски: Буџетот во минус најмалку милион евра дневно
Најмалку милион евра на ден има загуби во Буџетот, а доспеваат и долгови за враќање од околу 2 и пол милијарди евра, но премиерот Христијан Мицкоски уверува нема простор за очај, кукање и паника.

Во услови на зголемени цени на горивата во изминатиот период поради воениот конфликт на Блискиот исток кој ги разбранува берзите и најавите за поголема инфлација во март Мицкоски изјави дека државата мора да излезе од тешката ситуација во која се наоѓа, а за тоа имале план и јасен правец и насока.
„Сега нема да очајуваме и кукаме. Тоа е што е. Проблемот е тука. Јас не мислам да беседам на прес конференции и да очајувам и да создавам паника кај граѓаните. Ние како влада ја владееме ситуацијата точно знаеме каде одиме и немаме никаква дилема предизвици ќе има. Тешко е. Не е лесно. Многу ни се собра 2,5 милијарди евра треба да враќаме. Го враќаме и оној солидарен данок. Многу некако се собра. Од април почнуваме со исплата на платите од новите колективни договори се некако наеднаш дојде, но тоа е што е нема да очајуваме ќе се бориме“, изјави премиерот Христијан Мицкоски






