Мицкоски: Да градиме патриотизам на денешницата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Неготино, ја побара поддршката за кандидатот за градоначалник и за советничката листа на партијата и ги повика граѓаните да се обединат и да изградат „заеднички патриотизам’.

Тој објасни дека „заедничкиот нов патриотизам на денешницата“ претставува обединување со цел, како што вели, да се поразат криминалот и корупцијата што ја заробиле земјата и заеднички да се создаде подобра и побезбедна иднина, со отворање и на нови работни места.

„Пријатели, сонародници, граѓани треба заеднички да го градиме нашиот нов, патриотизмот на 21 век. Нашиот заеднички патриотизам, модерен, обединувачки. Заедничкиот патриотизам е да ја победиме заедничката мака и да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други. Да покажеме дека политичарите кои се на власт, без разлика дали тоа сме ние од ВМРО-ДПМНЕ или овие кои се сега се на власт не ги поседуваат гласовите во џеб, туку треба напорно, макотрпно да работат и да се помачат да ја заслужат довербата на граѓаните“, .

истакна Мицкоски

Тој порача дека заеднички патриотизам е „кога ќе се обединиме и заедно ќе се бориме и ќе успееме да ги решаваме проблемите и предизвиците со кои се соочува Македонија, како на пример заеднички да успееме да ги вратиме назад македонските граѓани кои емигрирале по белиот свет“.

„Заеднички патриотизам е заеднички да успееме, жда ги вратиме добрите луѓе кои емигрираат назад во Македонија. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да го победиме криминалот, корупцијата, неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, повеќе можности за развој, да носиме добри вести, да се радуваме на новите работни места“,

порача Мицкоски, кој денеска присуствуваше на на предизборен собир во Демир Капија

Back to top button
Close