Мицкоски: Да немаше безредие, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе сработеа двојно повеќе

Успесите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, ќе беа, најмалку двојно повеќе да немаше хаос, безредие, затворени општини, корупција, енормно задолжување, неработата, неспособност. Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Битола, каде ВМРО-ДПМНЕ организира регионален отчет за стоте дена локална власт.

Мицкоски тврди дека градоначалниците од опозициските редови потврдиле дека умеат да се носат со функциите на кои се поставени и вели дека тие почнале да ги менуваат лошите состојби во кои се наоѓаат општините.

„Овие 100 дена се сублимат на многу мали, но еднакво вредни победи за сите нас. Но и големи проекти за кои треба волја, но и знаење…Во изминатите 100 дена започнавме повеќе од 1.090 проекти. Или точната бројка е 1.093 за 100 дена. Започнати се со реализација 166 капитални објекти низ целата територија на Македонија…И кога сето ова ќе го кажеме на власта пред нив, затоа што тие практично имаат градоначалници во повеќе од 20 општини СДСМ и ДУИ заедно, но изминативе 100 дена ниту отчет видовме, ниту пак некој од нив излезе и кажа што сработеа изминативе 100 дена – вели Мицкоски.

Мицкоски смета дека власта им завидува на опозициските функционери.

„Сакам да им порачам дека колку повеќе тие измислуваат и критикуваат и омаловажуваат тоа што е сработено изминативе 100 дена толку подлабоко тонат во очите на граѓаните. А, тоа ќе го почувствуваат на следниве предвремени парламентарни избори, кога граѓаните конечно еднаш засекогаш ќе стават крај на оваа измамничка и криминална коалиција преводена од ДУИ а администриран од СДСМ. Освен со насмевка за нивната весела математика има тука и по малку чувство на завидливост. Се сеќавате на оној израз завидлизам кај власта, затоа што толку многу се работи, а тие практично стојат и освен тоа што завидуваат и критикуваат буквално ништо друго не работат. И затоа само ќе одговорам има и многу други проекти како што се изградени пешачки и велосипедски патеки, отпочнати процедури, завршени легализации на дворови кои што се кочеле меѓудругото со години. На пример само овде во Битола се такви повеќе од 1.100 решенија за легализација кои биле блокирани изминативе години. А, зашто биле блокирани, навистина не можам да разберам -кажа Мицкоски од Битола.

 

 

Back to top button
Close