Мицкоски да поднесе оставка, бара СДСМ
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по поразот на парламентарните избори паѓа во се подлабока конфузија, а Христијан Мицкоски очајно бара алиби и ги погазува сопствените ветувања.
Наместо да се соочи со реалноста, за ВМРО-ДПМНЕ кукавичлук е нивниот претседател да замине од својата функција во Белиот дворец, да даде оставка, која ја вети пред граѓаните ако биде поразен на изборите или доколку не направи Влада.
Давата услови се исполнети ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори, а коалицијата предводена од СДСМ обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на ефикасна влада со стабилен четиригодишен мандат, која ефикасно ќе им служи на граѓаните и ќе ја води државата право напред во Европа.
Мицкоски не може да и погледне на реалноста во очи, да понесе одговорност за својот неуспех и да го исполни она што самиот го вети пред изборите – оставка во случај на пораз.