Мицкоски до Ковачевски: Да можеше водењето држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава

„А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!“, пишува Мицкоски во својот Фејсбук статус

Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук статус, коментирајќи ја изјавата на премиерот Ковачевски на меѓувладината седница во Софија, „Кирил и јас сме луѓе кои сакаат ексел-табели и сакаат рокови и остварување“.

Како што пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил, премиерот Ковачевски треба да знае дека „водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата“ и како што вели и самиот, државните интереси ниту пак животот на граѓаните не можат да се стават во ексел табела.

„А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари“,пишува Мицкоски во својот Фејсбук статус.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close