Мицкоски доживеа собраќајна незгода во Прилеп, непознато возило удрило во неговиот автомобил

Во Прилеп на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски, велат извори од опозициската партија за Плусинфо.

Причинета е помала материјална штета, и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чуствува добро и веднаш после незгодата се обратил на настанот пред прилепчани.

Back to top button
Close