Мицкоски: Ќе бидеме авангарда – првите сто дена ќе бидат динамични

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервјуто за МИА зборува за програмата со која коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да освои што повеќе гласови на претстојните избори, за средбите со граѓаните со почитување на мерките за ковид-19, за тоа како да се зголеми излезеноста на изборите, за кампањата и спотовите што предизвикаа реакции во јавноста, за можните коалиции…

Мицкоски изразува убеденост дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори и дека тој ќе биде мандатар, посочувајќи дека бројот на пратеници што ќе ги освои коалицијата ќе зависи од излезеноста на гласачите, што според актуелните анкети е речиси за 20 отсто помалку споредено со неколку последни изборни циклуси.

– Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе бидат сериозно победнички на овие избори кои ќе се случат на 15 јули и се надевам дека претседателот Пендаровски ќе го даде мандатот на победничката коалиција. Кандидат за мандатор на победничката коалиција сум јас – посочи Мицкоски.

Тој вели, дека ДИК ќе ги преземе сите мерки избирачкиот процес да помине непречено, а од друга страна да биде заштитено здравјето на гласачите.

– Ние на секој настап, на оние мини собири со граѓаните, ги повикуваме граѓаните дека треба да се излезе, дека е значајно да се излезе во што е можно поголем број. Иако да бидам искрен според анкетите во овој момент излезеноста би се движела меѓу 45 проценти плус минус, ете пет проценти, за разлика од порано кога ние сме имале избори кога под 63, 64 па дури под 65 проценти не била излезеноста. Значи отприлика 20 проценти помалку. Но, мислам дека во деновите што следат пред нас ќе има можност граѓаните се запознаат поблиску со програмата која што ја нудиме – вели Мицкоски.

Неговата порака до граѓаните е да си го чуваат и да си заштитат здравјето имајќи ја предвид ситуацијата со ковид-19, а на изборите масовно да излезат и да гласаат за опозицијата.

На прашање на новинарот кој ќе биде првиот проект што ќе го реализира доколку ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт, Мицкоски вели:

– Еве ќе ви кажам, најпрвин ќе има многу проекти што во првите сто дена ќе ги реализираме, но прв проект ќе биде оние три денари акциза што ги донесе СДСМ, веднаш ќе ги конвертираме во спортски денар, еден денар за спортот, еден денар за културата и еден денар за образованието. Втора работа што ќе направиме веднаш, веднаш безусловно ќе го укинеме прогресивниот данок, а не како што тоа го направи СДСМ со одлагање и ќе го воведеме рамниот данок и веднаш ќе следи негово намалување од десет на девет проценти во 2021 година и понатаму осум проценти во 2022 година. Ќе укинеме многу работи коишто до сега ги правеше СДСМ како што се непродуктивните трошења, оние буџетски средства коишто во моментот се трошат за партиски вработувања што се тотално непродуктивни и еве тука можеби би го вклучиле ребалансот на буџетот, низа сет на мерки што ќе го тангираат здравството, образованието… Навистина првите сто дена ќе бидат динамични. Сакаме првиот впечаток да биде силен, затоа што вие немате втора шанса за прв впечаток. Ако вие барате изговори лошо работеа овие три години, па потоа да кажувате еве ради тоа што они лошо работеа ние сега не можеме да ги спроведеме нашите политики тогаш ќе бидеме исти како нив, ќе бидеме исти како овие 30 години политичко мочуриште. Сакаме да бидеме авангарда, нешто ново, да иновираме и да направиме веднаш робусен чекор уште во првите сто дена. Отприлика ја имаме ситуацијата во рака, што се случува, што се погрешните работи, каде ќе треба да се интервенира, така што еве ќе бидете сведоци на сериозен исчекор

Back to top button
Close