Мицкоски: Ќе одам на лидерска средба со Ковачевски, но немам голема надеж

Лидерот на опозициската партија на партиската трибина во Делчево рече ќе присуствува на средбата затоа што смета дека секогаш кога се разговара за иднината на Македонија потребно е да се учествува и дека воедно на таа средба сака „премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти дека ќе оди на евентуална лидерска средба, што ја најави премиерот Димитар Ковачевски. Сепак, како што рече Мицкоски говорејќи од партиска трибина во Делчево, нема голема надеж од таквата средба.

 

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хирстијан Мицкоски од партиската трибина во Делчево/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Овие денови најавија лидерска средба. Немам, да бидам искрен, голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија сметам дека е потребно да се учествува. Воедно на таа средба сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропадна“,

 

рече лидерот на најголемата опозициска партија.

Тој во своето обраќање посочи дека дошло време да се објаснуваме за нешто кое во 21. век не смее да биде предмет на расправа и нашиот идентитет да го негира земја членка на Европската Унија. Мицкоски истакна дека никој не може да го убеди дека уставните измени сега се единстевното решение.

„Дојде време по 30 години независност да се докажуваме за нешто што нема потреба . Дојде време да се објаснуваме за нешто што не смее во 21 век да биде предмет на расправа. Дојде време некој да не негира, нашата историја, нашиот јазик, нашето постоење и тоа ни помалку ни повеќе од земја членка на Европската Унија. Никоја, ама баш никој, не може да ме убеди дека подобра договор не можеше да се направи. Никој не може да ме убеди да го погазам својот, нашиот идентитет по ниту една цена. Никој не може да ме убеди дека уставните измени сега се единственото решение. И тоа е факт. И никој, никој не може да ме убеди дека уставните измени сега, се единствено решение. И тоа е факт. Не поминуваат приказните сега или никогаш. Бидејќи досега слушнавме сто пати – сега или никогаш, и ништо не се случи. И знам дека може поинаку, може подобар договор“рече Мицкоски.

Предлог за уставни измени: По бошњачкиот, се додаваат бугарски, хрватски, црногорски и уште три други народи

Лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во саботата најави дека во наредните десетина дена планира да го покани претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на заедничка средба.

На состанокот, како што изјави премиерот, потенцијално би се разговарало за две теми.

Првата – рече Ковачевски – ќе биде во врска со носењето на одлуките кои се потребни за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Во фокус на втората тема, пак, како што кажа, би било усогласувањето на ставовите во врска со односите со сите соседи на државава.

Ковачевски најави дека ќе го покани Мицкоски на средба

 

Back to top button
Close