Мицкоски ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан во Лондон
Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија, соопштија вечерва од Владата.
Премиерот, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествува на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.
На маргините на Самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидено е премиерот да одржи голем број билатерални средби.
„Владината делегација ќе оствари повеќеbекономски работни средби што ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка“се вели во соопштението од владината прес-служба.