Мицкоски: Европа да се обедини за кршењето на меѓународното право во Македонија од страна на земја членка на Унијата

Европа да се обедини околу тоа што Бугарија и го прави на земјава, како што се обединува околу случувањата во Украина и конечно во јуни да ги отпочнеме преговорите со Европската унија, очекува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ги охрабри лидерите на земјите членки во ЕУ, како што се обединети околу кршењето на меѓународното право во Украина, да се обединат околу кршењето на меѓународното право кога станува збор за нашата земја и правото коешто се крши, и се оспорува од страна на една земја-членка и не спречува да ги почнеме преговорите.

– Навистина е жално и тажно што ние во 21 век се уште зборуваме за вакви теми. Овој народ треба да покаже и докаже дека местото му е таму, местото е во Европа. Овој народ многу направил за таа иста Европа и овој пат очекувам Европа да се обедини околу прашањето на Македонија и конечно во јуни да почнеме да преговараме со таа иста Европа, зашто колкави знаења имаме и какви вештини имаме тоа ќе зависи од нас, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање за последните провокации од бугарска страна при посетата на гробишта на паднати војници во Ново Село, во која кажале дека македонска делегација не е поканета, по увидот на градежни активности во Охрид, нагласи дека градоначалникот на Ново Село бил поканет, но не отишол.

– Јас не знам дали бил Османи поканет или не бил, но мислам дека не ја кажува вистината. Но, знам сигурно дека градоначалникот на Ново Село којшто беше поканет не отиде. Немаме намера ние како ВМРО –ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ да даваат легитимитет на луѓе коишто за време на Втората светска војна фашистички ја окупирале Македонија, а денеска така и се однесуваат, рече Мицкоски.

Back to top button
Close