Мицкоски ги амнестираше сите кои го променија името за членство во ЕУ: Наивно веруваа, можеби имале добра намера

t

Христијан Мицкоски во своето гостување во Канал 5 телевизија попладнево практично ги амнестираше сите оние кои што учествуваа во промена на името и носење на Преспанскиот договор со една своја изјава.

Запрашан дали е подготвен да се согласи на внесување на Бугарите во Уставот доколку се согласат сите партии да на следната блокада од Бугарија повторно се промени Уставот со граѓански модел тој говореше дека и во минатото имало политичари кои без гаранции поверувале на челниците на ЕУ, но тоа било погрешно.

Со својата натомошна импликација, оние кои во опозиција ги нарекуваше предавници овој пати ги посочи како луѓе со добра намера кои наивно им поверувале на европските челници.

Мицкоски: Дел од политичарите верувале претпоставувам, ќе направам ова, овој тој и тој ми ветуваат па ќе видам што ќе биде.

Михајловски: Што е за право ни ветуваа после Преспанскиот договор дека ќе бидеме дел од ЕУ.

Мицкоски: Токму тоа велам. Дел од нашиве политичари наивно верувале во многу работи, можеби имале и добра намера. Не велам дека секогаш таа намера била лоша.

Михајловски: Добро, Меркел и Макрон кога ќе се обратат друго е, верувам во тоа.

Мицкоски: Тоа е тоа. Добро Макрон во неговото обраќање тогаш беше резервиран, но имаше такви како што е Меркел и останатите, како што беше Могерини како што беше Хан итн.

Михајловски: Сите дојдоа.

Мицкоски: Кои што се сепак тешкаши не се било кој.

facebook

Back to top button
Close