Мицкоски ѝ ги нуди на Владата контактите на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на поевтини енергенси

Мицкоски вели дека доколку власта ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе успеат да заштедат 300 милиони евра пари на граѓаните и дека скопјани и оние корисници на БЕГ нема да плаќаат повисока цена за затоплување
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ѝ ги понуди на Владата контактите на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на енергенси за намалување на финансиските трошоци, за, како што вели, да се обезбеди поевтина струја за стопанство и да се спасат и голем број на работни места.

Во интервју за вестите на Сител, Мицкоски вели дека неговата понуда е контакт со кои цената за набавка на гас е двојно поевтина од цената која Владата ја плаќала во јануари.

„Со тоа ќе се постигне поевтина цена на струјата од ТЕ ТО и нема да се покачат цените на услугите за парно на скопјани“, рече Мицкоски.

„Според нашите пресметки, а имајќи ја во предвид индикативната цена на мазутот кој што нашите позиции кои што ние ги имаме, кои што сме ги стекнале во животот во Европа, без разлика дали се луѓе од бизнисот или од политиката, имајќи ја таа индикативна цена, плус овој факторинг кој што го пресметавме, нема да надмине 200 евра за мегават час, во зависност од тоа дали ќе работи од една со две турбини и тој ќе се движи од 150 до 195 евра за мегават час. И ние велиме дека тука ќе има некаде, од прилика, 783 илјади мегават часови или некаде блиску 0,8 терават часови кои што се сосема доволни за бизнисот да опстои да ја помине оваа есен, и да ја помине зимата“,

истакна тој.
Мицкоски вели дека доколку власта ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе успеат да заштедат 300 милиони евра пари на граѓаните и дека скопјани и оние корисници на БЕГ нема да плаќаат повисока цена за затоплување.

„Ние велиме, еве ги нашите позиции на располагање, и едните и другите, вие преговарајте, вие одредете ги комерцијалните услови, начинот на плаќање, конечната цена, но ако ги прифатите индикативните понуди без дополнителни корекции ќе заштедите најмалку 300 милиони евра пари на граѓаните, ќе им овозможите евтин енергенс на стопанството по цена на струја два пати поевтина од сега што е на берзите, а во зима може да биде од три до чети пари, а скопјани и оние корисници на БЕГ нема да плаќаат повисока цена за затоплување“, рече Мицкоски.

Целта е, како што рече, да се овозможи сите производни капацитети во Македонија во оваа кондиција да можат да работат, и се повика на ставот на Владата дека има доволно јаглен и дека ќе работат трите блока во Битола, дека ќе работи Осломеј, дека хидропотенцијалот е на завидно и на добро ниво и во добра кондиција и дека останува уште како производни капацитети термоцентралата во Неготино и термоелектраната и топланата во Скопје позната како ТЕ-ТО.

„Од друга страна гледаме дека бизнисот постепено, но сигурно оди во пропаст, голем дел од комбинатите затвораат поради големите цени на енергенсите, не се рентабилни, едноставно голем број на наши сограѓани остануваат без своите работни места или ќе останат без своите работни места. Ќе потсетам дека бизнисот вработува некаде околу 680 илјади наши сограѓани. Имајќи го сето ова во предвид, анализирајќи ја сложеноста на ситуацијата, а од друга страна гледаме дека тоа што го прави владата не води во насока на решавање или барем не води во насока на решавање со помалку потрошени пари, туку со многу потрошени народни пари. Како трет фактор е и финансиската криза која што постепено доаѓа после енергетската криза, која што ја чувствуваме ние граѓаните инфлацијата, поскапите производи во маркетите, направивме сценарио со кое што ќе му овозможиме на бизнисот да користи енергенс кој што во овој момент е најмалку два пати поевтин од цената на струјата на референтната берза со тоа што ќе биде земена во предвид цената на чинење на мазутот како енергенс за преработка во термоцентралата Неготино, плус оној дел кој што служи за преработка кој што треба да го земе централата бидејќи таа прави услуга го преработува мазутот и произведува струја“, вели Мицкоски.

Back to top button
Close