Мицкоски го нарече „маша во ДУИ“ – Таравари со одговор: „се гледаме во октомври
Премиерот Мицкоски беше остар во својот говор во делот каде што му се обрати на претседателот на АА, Арбен Таравари, рече дека Таравари решил да биде маша на ДУИ и да ги одржува во политички живот оние за кои лично тој зборувал најлоши работи.

Мицкоски исто така најави големи промени во владата додавајќи дека тие ќе започнат на крајот од оваа година, најдоцна на почетокот на следната.
Таравари во текот на денот реагираше на Фејсбук.

Тој кратко напиша:
“Вистинската власт е народот. Се гледаме во октомври а тоа е скоро…многу скоро!“