Мицкоски го повика Заев на телевизиски дуел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заевда се соочат на телевизиски дуел за пред граѓаните да се открие што точно преговара власта со Бугарија

-Бидејќи ние не знаеме за што се преговара и до каде се тие преговори и дали воопшто нешто се преговара, сакам јавно од тука да упатам една покана до Зоран Заев бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат. Било која телевизија еве нека организира едно соочување, за да можеме јас и тој да разговараме за тоа што се преговара. Каков е тој роуд-мап, кои се тие услови, а кои не биле поврзани со идентитетот. Но, и за други теми треба да разговараме пред граѓаните. Така да, како предлог еве во вашата емисија сакам да го повикам Зоран Заев и да разговараме за актуелните теми, а вклучително и за актуелната тема која што претстои – тоа е Самитот на ЕУ, изјави Мицкоски за Сител телевизија.

Тој смета дека датум за почеток на преговорите во јуни, туку некаде пред крајот на годинава, во декември, но сепак ја повика Европската Унија на самитот на 21 јуни да одобри прва меѓувладина конференција, бидејќи, како што рече, македонската нација и држава изминатиот период покажаа карактер и европски вредности и тоа го заслужуваат.

-Зоран Заев изминатите години покажа како не треба да се водат преговорите, поради тоа што во сите процеси кои што беа започнати, единствена страна со претрпена штета е Република Македонија и нејзините граѓани. Националниот идентитет е клекнат на колена само поради тоа што Заев ја стави на распродажба државата и нејзината историја. Сите знаеме дека Зоран Заев е спремен се да потпише со Република Бугарија само да се додвори пак со раката на срце, но овој пат не знаеме што и дали ќе прифати другата страна, додава Мицкоски.

Опозицискиот лидер повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никаква дополнителна измена или отстапка во преговорите со Бугарија.

Back to top button
Close