Мицкоски го „промовираше“ Крстевски во градоначалник на Карпош

Измина речиси еден месец откако градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски замина на боледување, а во негово отсуство со општината раководи заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Досега граѓаните не дознаа дали Лукровски е сериозно болен, со оглед на фактот дека веќе би требало да користи комисиско боледување, ниту до кога ќе биде отсутен.

Во меѓувреме, Крстевски е сѐ поприсутен во јавноста, со што сѐ повеќе се засилуваат гласините дека тој всушност ќе раководи со Карпош во иднина и без избори, како замена на „непослушниот“ Лукровски.

Денеска, во изјава по повод отворањето на новиот детски базен во оваа општина и премиерот Христијан Мицкоски, намерно или не, на Крстевски му се обрати со градоначалник. Од новинарите беше запрашан дали ќе се наплаќа влез на базенот.

Еве градоначалникот ќе го прашаме. Еве не, даде одговор градоначалникот- рече Мицкоски.

На прашањето пак од што е болен Лукровски и кога ќе се врати, премиерот го повтори веќе кажаниот одговор.

Тоа се лични моменти и не би сакал да коментирам и ги осудувам сите оние политички глодари коишто на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени – изјави премиерот

(Sloboden pecat)

 

Back to top button
Close