Мицкоски: Голем ден за МПЦ-ОА, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и Македонија

Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија (МПЦ-ОА), вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитката по објавата на СПЦ дека прифаќа автокефалност за нашата црква.

Сведоци сме, вели тој, на историја која е важна за нашиот народ и Македонија.

„Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештенството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи. Да продолжиме да чекориме обединето. Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија! Нека е за многу години!- вели Мицкоски.

Back to top button
Close