Мицкоски и Муцунски на самиот на ЕПП во Љубљанa

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ќе присуствуваат на Самитот на Европската народна партија посветен на Западниот Балкан, што денеска се одржува во Љубљана, Словенија, соопштија од партијата.

„Самитот е состанок на најмоќното политичко семејство на Европската Унија пред одржувањето на Самитот на шефови на влади на земјите членки на Европската Унија. Самитот на ЕПП ќе го води претседателот на ЕПП, Доналд Туск, а е најавено присуство на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, како и премиерите: Себастијан Курц канцелар на Австрија, Јанес Јанша премиер на Словенија, Андреј Пленковиќ премиер на Хрватска. Од регионот, покрај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, најавено е присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша – се вели во соопштението.

На крајот на Самитот се очекува усвојување на декларација која, според очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ, „ќе даде несомнена поддршка за полноправно членство на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија, посебно акцентирајќи ја потребата од што побрз почеток на пристапните преговори со Република Македонија“.

Back to top button
Close