Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо против враќање на споменикот на Ќосето
Не гледаме ништо против тоа, одговори Мицкоски на новинарско прашање
Во мандатот на поранешниот градоначалник Шилегов, споменикот на Ќосето беше отстранет во февруари 2018 година / Фото: Град Скопје
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против споменикот на Андон Лазов-Ќосето, откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, почнала процедура за негово враќање пред комплексот судови во главниот град.
На новинарско прашање дали сте за враќање на споменикот на Ќосето, тој одговори:
„Тоа претпоставувам надлежните треба да ги прашате. Што се однесува до еден таков споменик на еден лик кој е дел од македонската историја, ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против тоа. Не гледаме ништо против тоа“.
Порталот СДК.мк, утрово објави дека градоначалничката Арсовска доставила барање до Општина Центар да се даде согласност за почнување постапка согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација од која беше тргнат.
Споменикот, кој беше со кама во раката, од пред комплексот судови го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година затоа што, покрај контроверзноста, имаше решение за отстранување бидејќи беше дивоградба