Мицкоски како Груевски: Победата мора да биде со 61 пратеник!

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова ќе победат на 24-ти април, а на осми мај ќе се потврди победата со историски печат.

Мора победата да биде изразена со мнозинство во парламентот. Тоа значи дека мора да имаме 61 пратеник за да можеме сето ова кое што јас го зборувам сега да го спроведеме и реализираме. Ние не сме чудотворци, чудата се невозможни, секој оној кој што ветува чуда не ја говори вистината. Ние само сакаме да ја пренесеме вистината онаа која што ние ја чувствуваме, да ја слушнеме вистината која што е поврзана со секојдневието, со реалноста и врз основа на можностите сето тоа да го реализираме во следниот период“, појасни тој.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ преку трибините кои што ги организираше во изминатиот период ја слушна вистината од граѓаните и нивните потреби. И огромен дел од тие потреби се содржани во изборната програма „Платформа 1198“.

Во рамки на целата кампања во 2017  Груевски, носителите на пратеничките листи, сите видни членови на ВМРО-ДПМНЕ предупредуваа дека без освоени 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За слободна Македонија“ ќе има лоши работи за Македонија.

Back to top button
Close