Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез

За посета на Скопското Кале ќе се наплаќаат влезници откако локалитетот ќе биде целосно уреден и ставен во функција, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека целта на Владата е Калето да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува, со поддршка од надлежните институции, и да прерасне во една од значајните туристички атракции во главниот град.

„Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, одговори Мицкоски на прашањето дали се планира наплата на влезници.Премиерот најави дека активностите за уредување треба да започнат оваа година, а доколку сè се одвива според планот, Калето би требало да го добие посакуваниот лик следната година.

Тој оцени дека досегашното уредување, вклучително и хортикултурното средување, не е доволно и дека локалитетот има многу поголем туристички потенцијал.

Мицкоски истакна дека Владата ќе им обезбеди финансиска и логистичка поддршка на надлежните институции за Скопското Кале да стане позначајна туристичка дестинација и да биде дел од програмата на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

По години чување во несоодветни услови, над 5.000 артефакти од Кале ќе добијат музејски простор

Back to top button
Close