Мицкоски: Кoга проговорите се тајни, Македонија губи

 

Според неговите информации, двајцата блиски соработници на Бујар Османи, Агнеса Руси и Методија Белевски изминатите денови биле во Софија на преговори. Мицкоски дополнително ги повика јавноста и медиумите да постават прашање до министерот и неговите соработници за нивното присуство и преговарањете во Софија.

– Ниту едниот ниту другиот имаат стратегија пред себе, ниту едниот ниту другиот имаат приоритет да го заштитат македонскиот национален интерес, да го заштитат интересот на македонските граѓани и пред се на македонците, бидејќи во случајот овие тајни разговори се водат  за идентитетот на македонците и тоа е многу важно и треба да се спомене затоа што тука се зборува за македонски јазик, за македонско културно наследство, за македонска историја, за значајни личности од македонската историја, тоа е во всушност идентитетот на македонецот –  истакна Мицкоски.

Back to top button
Close