Мицкоски: Левица со измама манипулираат, лажеа дека не купиле деловен простор, велат дека се неподмитливи, а земаат пари од разни страни

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека раководството на Левица не е тоа за што се претставува и оти од таа партија манипулираат со измами, како што лажеле дека не купиле деловен простор или дека се неподмитливи, а, како што нагласи, земаат пари од разни страни.

-Она што можам сега да го кажам е дека ревизорот треба да се позанимава со кеш трансакциите од сметката на политичката партија Левица до членови на највисокото раководство на партијата. Бидејќи ние политичките партии добиваме пари од Буџетот, така се финансираме на еден начин и донации од членови и активисти. Парите од Буџетот ги плаќаат граѓаните за јавни политики не за материјали и патни трошоци“, рече премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ.

Тој потенцира дека е лицемерно од оваа партија да ги напаѓаат нивните колеги пратеници за тоа што добиваат патни трошоци во Парламентот, а тие во нивната партија си исплаќале патни и материјални трошоциод тоа што го добивале од граѓаните и буџетот.

-Така што онаа теза робеспјеровска дека се неподмитливите, паѓа во вода. Гледате какви скандали прават пратеници од Левица. Има во сообраќајна несреќа две лица повредени, да оставиме обвинителството да покаже, но, факт е дека има две лица со повреди во сообраќајна незгода со пратеник од редовите на Левица. Мора граѓаните да ја знаат вистината, не може од една страна да напаѓате, а од друга страна да злоупотребувате и да мислите дека ќе остане неказнето. Велеа дека нема врска оној деловен простор, за потоа да видиме од записник доставен до нас од нивното најтесно претседателство како договараат со една од банките да земат кредит, па потоа да го купат на попуст на лицитација, па добро било да не се објавува банката затоа што имала репутациски ризик“, рече Мицкоски.

Според него, од Левица со измама се обидуваат да манипулираат и ги слабеат позициите на граѓаните.

– Овие измамници се се, ама не се неподмитливи, затоа што ниту имаат реална програма, план и стратегија и визија, туку се служат со манипулација, рече Мицкоски во гостувањето.

-Допрва ќе следат докази, од тоа што сега се охрабруваат членови од нивната партија, за да сфатат граѓаните дека се се, само не тоа што се претставуваат, изјави премиерот Мицкоски прашан за неговата дебата што неодамна ја имаше во Парламентот со лидерот на Левица.

Мицкоски: Зошто Левица имаат кандидат за градоначалник во Струга, а немаат во Велес, директно му помагаат на ДУИ
Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ коментирајќи ги кандидатурите за градоначалници на Левица во Тетово Гостивар и Струга, истакна дека тоа се прави за да се направи дисипација на анти-ДУИ гласовите и да се фрли гума за спасување на ДУИ.

„Тоа е уште еден начин да се фрли гума за спасување на Али Ахмети и на ДУИ. Зошто? Еве ќе дадам еден многу едноставен пример за да може секој да го разбере. Ако тие навистина се натпреваруваат да победат, а таму немаат ниту теоретски шанси да победат, во Тетово, во Гостивар и во Струга, зошто не извадат свој кандидат, еве да речеме во Велес? Зошто не извадат свој кандидат во Штип? Од таму доаѓаат највлијателните членови на раководството на политичката партија, каде што имаат реални шанси да се натпреваруваат и да добијат. Зошто токму во Тетово? Зошто токму во Гостивар и во Струга каде што ниту тетовци, ниту гостиварци ниту стружани ќе гласаат за партија којашто се нарекува ДУИ. Што е нивната цел?Нивната цел е да направат дисипација во анти-ДУИ гласовите. Тоа е суштината. За да ја намалат силата на анти-ДУИ гласовите, за да може ДУИ во првиот круг да исплива на површина.“, истакна Мицкоски.

Тој исто така потенцираше дека оваа игра ќе биде препознаена од граѓаните и Левица нема да ја постигне таа цел.

„Тоа ќе го препознаат граѓаните и веќе го препознаваат, дека нашата цел на овие избори е она развластено ДУИ да биде поразено и засекогаш испратено надвор од политичката сцена во Македонија. Тоа е суштината на овие избори. И мора да биде поразено, но ги имаме овие од Левица коишто се обидуваат да му помогнат на ДУИ и фрлаат гума за спасување.“, потенцираше Мицкоски. с

Back to top button
Close