Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕСМ за 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно објави информации за продажбата на ноќните вишоци на електрична енерија, тврдејќи дека надлежните ги оштетиле македонските граѓаните за 10 милиони денари.

„Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ!!! ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh.

Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Наведува дека за истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови:

 

1 август 359,81 €/MWh

2 август 388,95 €/MWh

3 август 363,474 €/MWh

4 август 377,758 €/MWh

5 август 371,058 €/MWh

 

Разликата во цена е:

 

1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€

 

Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, стои во објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.“, се вели во статусот на Мицкоски.

 

 

 

Back to top button
Close