Мицкоски: „Мини Шенген“ не смее да биде алтернатива на ЕУ

Секоја регионална иницијатива е добредојдена, но тоа не смее да биде алтернатива за полноправно членство на земјата во Европската Унија, истакна денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прашан за коментар околу иницијативата „Мини шенген“.

„Македонија треба веднаш оваа година, да ги отпочне преговорите со ЕУ, бидејќи тоа го заслужуваме повеќе од би рекол десет години, со исполнети критериуми, но за жал поради разно разни артефицијални, вештачки препреки ние до овој момент не сме отпочнале преговори“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека нема алтернатива за ЕУ.

„Ние треба веднаш да ги отпочнеме како држава преговорите и тоа треба Европската Унија да го испорача уште оваа година. Следна таква можност е самитот што ќе се одржи во декември месец. Така што тука би го заклучил мојот одговор, алтернатива за Европската Унија нема“, истакна Мицкоски.

Премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на Регионалниот економски форум во Скопје порачаа дека целта на регионалната иницијатива позната како „Мини Шенген“, која денеска го доби името „Отворен Балкан“, е создавање една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија.

Back to top button
Close