Мицкоски: Можно е пак намалување на ДДВ-то на горивата

Владата ќе интервенира со намалување на ДДВ на високите цени на горивата, но во моментов законски не смее тоа да се направи затоа што требало да се чека да помине циклус од две недели

Чекаме да се затвори циклусот до 31 јули, односно втората половина од месецот, таков е законот, и дури после да носиме дополнителни мерки“, рече премиерот денеска

 

Тој додаде дека владата веќе интервенирала со намалувањето на акцизата кај горивата.

“Добро е тоа што цената на берзата два дена по ред паѓа, сега е 85 долари за барел, а ние имаме најниска цена на горивата во регионот“, додаде тој.

„Денеска се стабилизира некаде 85-86 долари за барел, така што следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините. Но, она што е важно, е дека ова е берзански производ, сите ние државите купуваме од исто место, а ние како држава имаме убедливо најнисјка цена на дизел горивото и на безоловниот бензин во регионот, па и во Европа“, рече Мицкоски.

На прашање дали Владата ќе носи дополнителни мерки, односно да интервенира кај стапката на ДДВ за дериватите, тој повтори дека се чека да се затвори периодот од две недели.

„Веќе еднаш интервениравме со акцизите, сега чекаме да се заокружи 31 јули, втората ополовина на месецот, таков е законот, и дури потоа да носиме диополнителни мерки“, рече Мицкоски.

Back to top button
Close