Мицкоски најави дека “светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купувал струја од нас

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инвеститор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање, кој ќе биде гигантот што ќе набавува струја од земјава треба да се знае до крајот на август.

-Ќе оставам тоа да го соопшти компанијата-инвеститор до крајот на август. Тие се во завршна фаза на преговори. Се работи за голем бренд кој е во првите три во светот во својата индустрија и ќе користи електрична енергија од ветерниот парк на „Алказар енерџи“, од македонски ветер. Ако биде прифатена мојата сугестија, во делот на тие 300 хектари земјиште „Алказар енерџи“ да инсталира и соларни панели и батерии, тогаш ќе се користи хибриден систем на производство, истакна премиерот.

Мицкоски информира и дека до крајот на годината ќе има осум нови инвестиции, некои ќе потврдат дека почнуваат инвестиција, а некои дека имаат донесено таква одлука – за почнување инвестиција кај нас. Се размислува, подвлече премиерот, и за привлекување инвеститори кои произведуваат воена опрема и оружје, како и дека веќе се водат разговори со неколку такви компании. За оваа намена ќе бидат определни посебни зони.

Back to top button
Close