Мицкоски најави дека веднаш ќе бидат проверени тврдањата за сомнителен избор на фирма за набавка на сол за патиштата


Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари на денешната седница на пратенички прашања, побара одговор од претседателот на Владата на Република за Северна Македонија, Христијан Мицкоски за злоупотреба на народни пари, посочувајќи пример со тендер за избор на фирма за набавка на сол за јавните патишта низ земјава. Ајдари посочи дека договорот е од 2,3 милиони евра, а според која тендерите биле добиени на сомнителен начин, за да се фаворизира компанија, која немала и ниту еден вработен. Таа побара дали премиерот, Мицкоски ќе гарантира да има истрага за овој случај или как ошто рече скандалот ќе се заборави.

Претседателот на Владата, Мицкоски во својот одговор истакна дека тврдењата на пратеничката Ајдари за тендерот за набавка за сол за јавните патишта ќе бидат проверени уште денеска.

-Минималната плата ќе биде онаа плата која што ќе ја договорат работодавачите и работниците. Ние сме страна која може да го фасилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога

-И доколку има основано сомневање за сторено кривично дело, веднаш ќе биде истото санкционирано. Толеранција за криминал ниту има, ниту ќе има, кој и да го прави тој обид. Така што бидете сигурни дека оваа Влада, принципот како до сега нема да биде апликативен, изјави Мицкоски.

Пратеничката Ајдари постави прашања и за вицепремиерот, Изет Меџити и за министерот за европски прашања, Орхан Муртезани за последната посета на Милорад Додиќ, како и дали ќе побараат одговорност од заменик премиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ за организирање на спектакл, за кој, како што рече Ајдари бил проруски и тоа во центарот на Скопје. Пратеничката Ајдари одговорите на поставените прашања побара да ги добие писмено, бидејќи и Меџити и Муртезани не присуствуваа на денешната седница на пратенички прашања.

Back to top button
Close