Мицкоски: На крајот на паметот не ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите

Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите, а и на овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. За што има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ, рече Мицкоски на гостување во телевизија АлсатМ и посочи дека и покрај купувањето гласови и полнење кутии на ДИУ не им бега местото во опозиција.

 

Нагласи дека ДУИ не може ДУИ да се однесува дека ова е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.

 

Најави дека идната влада ќе удри силно по, како што рече, челото на корупцијата донесена од ДУИ и СДСМ, кои ги крадат и Македонците и Албанците.

 

-Имаме план, корупцијата за жал во Македонија има пандемиски размери. За жал со измените на оној кривичен законик ограничен е просторот за маневар и за барање на кривично дело кое новата владата во рамките на своите истражни капацитети би можело да бара, рече Мицкоски и најави формирање на антикорупциски фронт без што, додаде, нема да можеме да се развиваме нити во ниеден друг сегмент во општеството, нити во економијата, образованието, здравството.

Back to top button
Close