Мицкоски: На овој ден да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 26 јули – Денот на солидарност, посочува дека на овој ден треба да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани.

– Педест и седум години од катастрофалниот земјотрес. На овој ден да си спомнеме за оние кои ги загубија животите, но она што е поважно, да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот во кој живееме да се изгради, да никне од рушевините и да продолжи да се развива. Градот убав пак ќе никне. Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото!, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Back to top button
Close