Мицкоски: На сцена доаѓа нова генерација во политиката, Трајко Славески е искусен професионалец

,Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од централниот митинг во Скопје порача дека овие избори треба да ги донесат промените, а промените значат дека на сцена доаѓаат нова генерација политичари.

-Новата иднина се промените, проектите. На сцена доаѓа нова генерација луѓе, нова надеж во политиката. Скопје мора да го ослободиме од олигархијата, градот му припаѓа на народот.
Советничката листа ја предводи Трајко Славески, искусен човек и професионалец. Со Данела ќе бидат одличен тим. Ова е наша заедничка борба, избори каде со вашите избор праќате порака до власта. Дали сакате да владеат со апсолутна уште власт уште четири години или сакаме промени, рече Мицкоски.

 

Back to top button
Close