Мицкоски на средба со Касами: Оваа влада мора да си замине  

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Тетово каде се сретна со градоначалникот и лидер на БЕСА, Билал Касами. Како што изјави Мицкоски по средбата, двајцата се согласиле дека оваа влада мора да си замине.

-За мене претставува посебна чест и задоволство што денеска сум овде во општина Тетово, што можам да разговарам со градоначалникот на општина Тетово и претседател на политичката партија БЕСА. Имавме навистина исклучително конструктивен  состанок. Разговаравме на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза. И навистина дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замине за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица, рече Мицкоски.

Тој додаде дека голема храброст е што „господинот Билал Касами го направи тоа најпрвин на локалните избори, а потоа и да се фати директно во костец за решавање на наталожените проблеми кои ги има општина Тетово

 

 

Back to top button
Close