Мицкоски на ОБСЕ им се пожали дека власта била недемократска оти била нервозна

 

Предвремените парламентарни избори и актуелната политичка ситуација во Македонија, биле теми на видео средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР Лаима Андрикиене.

Мицкоски изјавил дека овие избори ни носат поинакви предизвици имајќи и ја во предвид состојбата со коронавирусот. Тој додал дека секој човечки живот вреди и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се загрози животот на македонските граѓани, токму затоа сите свои активности ќе ги организира согласно препораките за заштита и превенција од ковид-19.

Мицкоски потенцираше дека и покрај залагањата за фер и демократски избори, очигледна е нервозата кај СДСМ која на самиот почеток го наруши изборниот процес со бомбата фрлена пред дуќанот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и вербалниот напад од советникот на премиерот врз носителот во шестата Изборната единица Игор Дурловски, но и секојдневниот поткуп на социјално загрозените семејства низ Македонија.

Тој посочи дека ваквите чекори на власта се израз на паника и нервоза поради поразот кој им претстои на изборите на 15 јули.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласил дека Македонија се наоѓа во многу тешка ситуација особено на економски план, а власта не е способна да ја извади државата од кризата. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма наречена Проект Обнова со над 1000 проекти нуди решенија за излез од кризата и Обнова на Македонија од актуелната ситуација.

 

Back to top button
Close