Мицкоски: Нашиот процес на интеграција во ЕУ е со фокус на минатото наместо иднината, ова не е Европа во која јас верувам

Мицикоски потоа ги повика присутните лидери на ЕУ на конгресот на ЕПП, да го искористат своето влијание и да овозможат европска перспектива за Западен Балкан
Ова се тешки времиња за нашиот континент, како и за нашиот глобален систем на демократски вредности. Сепак, тешките времиња обично го покажуваат најдоброто кај луѓето, и се надевам дека носителите на политички одлуки ќе разберат дека тешките избори сега, ќе го постават нашиот пат на вистинската траекторија, изјави Мицкоски од Ротердам, каде учествува на конгресот на ЕПП.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за евроинтеграцискиот процес на земјава, истакнувајќи дека членка на ЕУ го негира правото на мекедонска јазик и се меша во македонскиот идентитет.

„Македонците во моментов се соочуваат не со физичка агресија, туку со политичка агресија. Во овој момент има обиди на земја членка на Европската унија да го негира правото на македонски јазик, и да се меша во македонскиот идентитет. Овој тип на однесување е сè освен европски. За жал, нашиот процес на интеграција во ЕУ е со фокус на минатото, наместо на иднината. Ова не е Европа во која јас верувам. Ние постојано сме посветени на европскиот пат. Многупати во минатото нашата влада не даваше резултати за клучните прашања, особено ако се има предвид владеењето на правото и борбата против корупцијата“,истакна Мицкоски.
Тој додаде дека граѓаните заслужуваат отворање на пристапните преговори, посочувајќи и дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен фокус на изградбата на одржливи демократски институции кои одговараат на највисоките европски стандарди“.

Мицикоски потоа ги повика присутните лидери на ЕУ за да го искористат своето влијание и да овозможат европска перспектива за Западен Балкан.

„Денеска, стоејќи пред вас, апелирам до присутните лидери да го искористат своето влијание за да помогнат да се даде стабилност и кредибилитет на европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа не може да се постигне без Македонија да ги отвори пристапните преговори што е можно поскоро. Во 21 век, управувањето со држава, подразбира носење тешки одлуки. Но, само преку вакви одлуки сега, можеме да ја донесеме иднина каква што очекуваат и заслужуваат македонските граѓани“,
заклучи Мицкоски.

Back to top button
Close