Мицкоски: Не е крај на светот ако се повлекуваат две странски компании од Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека „не е крај на светот“ за најавата дека две американски комании од автомобилската индустрија „Аптив“ и „Дура Аутомотив Системс“, ги затвораат фабриките во Македонија. Тој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони -Охрид.

„Ќе има компании кои се отвораат и затвораат, и домашнии странски и тоа не треба да се сфаќа како нешто кое претставува крај на светот. Ние како Влада се трудиме да привлечеме што е можно повеќе комании. Веќе сме во преговори, па очекувам до крајот на годината четири или пет компани веќе да потпишат договор со Владата. Очекувам повеќе од 1.000 работни места кои би се креирале. Ќе има нови компании, ние како Влада сме тука да работиме за граѓаните и државата и верувам дека сме едни од најконкурентните во Европа. Еден од тие докази е и оваа нвестиција која ја прави компанијата „Костал“, рече Мицкоски.

Коментирајќи го повлекувањето на двете американски компании од земјава, Виктор Мизо, генералниот менаџер на „Костал“, кажа дека тоа се интерни одлуки на тие компании.

„Не можам да ги коментирам причините. Прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар. Понекогаш имаме компании кои не успеваат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија. Една или две компании ја напуштаат земјата, но тоа не зџначи дека другите нема да продолжат да се развиваат понатаму“, рече тој, најавувајќи нова фаза од проширувањето на компанијата „Костал“ кое ќе значи нови работни места и обрт поголем од 300 милиони евра до 2027 година.

„Аптив“ најдоцна до крајот на годината ќе ја затвори својата фабрика во Бунарџик, а како што објави „Телма“, од август досега бројот на работници го намалиле за околу 30 отсто.

И од компанијата „Дура Аутомотив Системс“ за најавеното затворање на бизнисот во економските зони го известиле менаџментот на ТИРЗ. Оттаму тврдат дека ќе побараат компанијата да врати дел од државната помош, од околу 7 милиони евра, што компанијата ја добила во периодот 2021–2023 година заради неисполнување на обврските.

Back to top button
Close