Мицкоски не открива дали со ЗНАМ заеднички ќе трчаат за градоначалници во Куманово и Центар

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преговорите со коалициските партнери за заеднички настап во одредени општини на локалните избори во октомври се движат во одлична насока, но понатаму избегнува одговор на прашањето дали во Куманово и во скопската општина Центар ќе одат со заеднички кандидат со Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Премиерот Христијна Мицкоски одговара на новинарски прашања по днешениот настан во Царинската управа / Фото: Влада на РСМ, Сектор за односи со јавност

„Кога ќе имаме повеќе детали ќе излеземе во јавноста со информации“,

 

рече премнирот, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе предложат заеднички кандидат со ЗНАМ за Центар и Куманово.

Преговорите со политичките партии, како што кажа тој се во тек, а приоритет, според него, него се разговорите со оние од внатрешната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ – „За твоја Македонија“.

 

 

Очекувањата на Мицкоски се оваа коалиција да биде потврдена, по што ќе продолжат разговорите со партиите од владината коалиција – ЗНАМ и ВЛЕН.

 

„Сите политички партии коишто се дел од нашата внатрешна коалиција се наш приоритет и тие се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена, а потоа ќе продолжат преговорите со нашите колациски владини партнери. Во овој момент мислам дека се движат во одлична позитивна насока“,

 

изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарксо прашање за време на настанот во Царинската управа.

Минатата недела Мицкоски, исто така одговарајќи на новинарски прашања изјави дека со ЗНАМ е постигнат принципиелен договор, односно партијата на кумановскиот градоначалник да настапи со свои советнички листи, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со свои.

Во оние општини каде ќе одлучат да поддржат кандидат, било да е од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или од ЗНАМ, едната и другата партија нема да истакнуваат посебни кандидати, туки ќе се поддржат меѓусебно.

Кумановскиот градоначаник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски не ја крие амбицијата да се бори за нов, трет по ред градоначалнички мандат. Ако првиот го доби како кандидат на СДСМ, вториот како независен, поддршката за третиот се очекува да ја бара од водечката партија во владината коалиција – ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во неколку свои јавни настапи изминатиои период рече дека ЗНАМ ќе трча со свои канндидати на локалните избори, но во одредени градови, како што кажа, дефинитивно ќе има предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, во ЗНАМ постои апсолутен консензус тој да биде кандидатот за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори или како кажа кон рсеиднта на јули во интервју за ТВ Сител, во редовите на партијата е познато само едно име како кандидат за градоначалник, односно неговото, додека другите ќе ги соопштат наскоро.

Дополнително во јавноста се погласни се наводите дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сака кандидатот за градоначалник на скопската општина Центар да биде е неговите редови.

Неодамна од партијата на Димитриевски жестоко го нападнаа актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски кој доаѓа од редовите на СДСМ, обвинувајќи го за недмоќинско работење, сомнителни јавни набавки и милионски трошоци што не дале резултат.

Од Општина Центар ваквите наводи ги оценија како „синхронизирана негативна кампања за дискредитација на градоначалникот Горан Герасимовски затоа што се уплашени бидејќи не можат да најдат негов противкандидат.

Back to top button
Close