Мицкоски не се откажува од референдум: До септември течат консултации

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека неговата партија не се откажува од ставот за одржување на референдумот, затоа што, како што истакнува, народот е суверен во државата и само тој може да одлучи дали сака да оди во ЕУ под овие услови.

-Не нема да се откажеме. Зошто ние да се откажеме од идејата за референдум. Видете сега само на нелегитимен премиер му е нерелевантно мислењето на народот. Ако вие сте премиер кој е избран од страна на народот тогаш ќе сфатите дека мислењето на народот е неприкосновено, тоа е најрелевантно. Но, бидејќи тој е поставен таму и е нелегитимен и од тие причини тој смета и вели дека му е нерелевантно мислењето на народот – изјави Мицкоски на Канал 5.

Референдумското прашање, според него, може да биде искристализирано до септември до кога ќе течат разговорите со коалициските партнери и кога пратениците ќе се вратат од одмор. Иако нема согласност од власта за одржување на референдумот, Мицкоски нагласува дека тој може да се реализира ако се соберат 150 илјади граѓански потписи или пак на барање на 30 пратеници

Back to top button
Close